Обновена фасадата на Беговата куќа во Гостивар

Од:

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Гостивар ја посети Бегова куќа (куќата на Даут Болетини), споменик на културата кој беше надворешно реконструиран во рамки на проектот на Владата за санација на фасадите на објекти-примероци на староградска архитектура.

Беговата куќа е изградена во 18 век и била дел од комплекс. За двете фази на заштита на објектот, Министреството за култура минатата година му одобри 1,7 милиони денари на Конзерваторскиот центар-Гостивар.

– Задоволство е да се види дека ветеното е направено. По двете фази на заштитата, ќе се премине и на ентириерот. Во оваа година треба да заврши и уредувањето на Саат-кулата, со што Гостивар ќе има да им покаже на посетителите дел од културното наследство, изјави Канческа-Милевска.

Целта на проектот е да им се врати автентичниот изглед на објекти од стара градска архитектура низ државата кои, според анализите на регионалните заводи и музеи, ги има околу 250. Тие ќе бидат конзервирани етапно во наредните неколку години.

– Се работи за обемна активност која е предвидено да се реализира во наредните четири години според добиените информации од надлежените инстиуции и степенот на заштита на спомениците на културата. Финсирањето ќе биде од буџетските средства кои Министерството ги доби, рече минитерката за култура.

Во првата фаза на проектот е обнова на фасади на објекти во Крушево, Старата скопска чаршија, куќата на Бектешовци во Прилеп, поранешниот Англиски конзулат во Битола и куќа на Бојаџиеви во Охрид.

Би можело да ве интересира

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Левица: Министерот – глумец контра правата на културните работници

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Македонскиот КИЦ во Загреб еден од партнерите на хрватската кино премиера на „Приказната за Силјан’

За наградата „Роман на годината“ во „трка“ 45 романи