Обновен локалниот пат Горно – Долно Лисиче

Од:

Во Општина  Аеродром денеска е пуштен во употреба реконстрираниот и проширен пат што ги поврзува населбите Горно и Долно Лисиче. Во обновата на патот, во должина од 3,6 километри и ширина од 6 метри, се вложени  24 милиони денари, обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

На официјалното пуштање во употреба на патот присуствуваа министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на Општина Аеродром Ивица Коневски.

Со реконструкцијата на патот, укажа Јанакиески, се исполнува едно од двете клучни барања на жителите на населбите Горно и Долно Лисиче, но е и исполнување на ветувањето од програмата  на градоначалникот.

 – По патот претходно не можеше  да се движат автомобили кога имаше поголема количина вода, а имаше и големи дупки. Во еден период имаше и забрана за движење на автобуси. Станува збор за инвестиција од 400 илјади евра. Овој пат е само еден од стотината што се реализирани во последниот период, изјави Јанакиески.

ivica-mile1Градоначалникот Коневски нагласи дека  реконструкцијата на патот има исклучително значење за жителите на Горно и Долно Лисиче.

– Со изградбата на овој со години оштетен и тесен пат, им се овозможи побрза сообраќајна комуникација со останатите делови од општината и центарот на градот, изјави Коневски.

Општината го реализира проектот  во соработка со Агенцијата за државни патишта и Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Аеродром собра 10 тони отпад за еден ден

Напад врз брачен пар и нивната едногодишна ќерка во Аеродром

Горан Наумовски

Аеродромот во Брисел откажува 50 отсто од летовите поради сајбер напад

(ВИДЕО) На аеродромот во Даблин е во тек голема превентивна евакуација

Масовна хистерија на Хитроу: 21 лице се разболе на Терминалот 4

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ