Обнова на зелениот појас на влезот од Гостивар

Од:

Со повеќе видови дрвја, трева, цвеќе и реконструкција на тротоарите, ќе се разубави еден од влезовите во Гостивар.

Хортикултурните зафати ги спроведува, ЈП „Комуналец“ и како што информираат од општина Гостивар, се дел од активностите за уредување на животната средина и зеленилото во населбата Малеарди.

– Со обновувањето на зелениот појас ќе биде опфатен и поголемиот дел од булеварот „Браќа Ѓиноски“. Предвидено е да се засадат 66 дрвца од видот каталпа, стотина украсни иглолисни грмушки и цвеќиња. Таканаречините острови ќе се зазеленат со трева и ќе се санираат рабниците, а тротоарите ќе се поплочат со бекатон лочки, изјави Мемемдали Џафери директор на ЈП „Комуналец“.

Разубавувањето на овој дел од Гостивар ќе чини околу 910 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он

Неофицијални резултати: Валбон Лимани од НАИ победи во Гостивар