Обнова на фасадите на три објекти од старата градска архитектура во Битола

Од:

 Како дел од Акцискиот план на Владата и на Министерството за култура за обнова на фасади на објекти од старата градска амбиентална архитектура во градовите низ Македонија, во тек се активностите за обнова и конзервација на фасадите на три објекти во Битола. 

Стручните екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, соопшти Министерството за култура, интензивно работат на обновата на фасадите на Средното музичко училиште и на Гимназијата „Јосип Броз Тито“, објекти градени во стилот на еклектицизмот под влијание на европските струења од крајот на XIX и почетокот на XX век, како и на обновата на фасадата на „Безистенот“, значаен споменик на културата кој ги носи белезите на османлиската архитектура од XVII век.

Финализацијата на проектите, преку кои ќе биде зачувана автентичноста на спомениците на културата и на споменичните целини од богатото архитектонско наследство на нашата држава, како што се посочува, треба да биде до крајот на 2016 година.
 
Во Битола во изминатиот период како дел од овој проект беше реставрирана и внатрешната фасада на објектот во кој е сместен Заводот за заштита на спомениците на културата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките