Облеката на Боки 13 и гарнитурата на Јанева ќе ги задржи државата, а Камчев ќе треба сам да си бара да му вратат 1.5 милиони евра

Од:

Одземените уметнички слики и брендираната облека од осудениот Бојан Јовановски нема да му бидат вратени бидејќи ги стекнал правејќи кривично дело, а пак, на Катица Јанева нема да и биде вратена гарнитурата која и беше одземена при претресот во нејзиниот дом, а за која се докажа дека е купена од Бојан Јовановски. Од Јанева ќе се конфискуваат и 50.000 евра, откако судот процени дека таа ги земала со сторување на кривично дело, а се дел од рекетот. За овие средства на рочиштата беше презентирана и фотографија на која се гледа Јанева и парите на маса пред неа.

Предметите и парите ќе ги задржи државата, а пак, Орце Камчев кој е сведок во постапката, преку приватна тужба ќе треба да бара да му ги вратат 1.5 милиони евра кои му ги дал на Јовановски за да влијае кај Катица Јанева. Тој побарувањето од осудените не може да го наплати преку оваа постапка бидејќи нема статус на оштетен, туку е сведок.

„Од обвинетиот Бојан Јовановски се конфискуваат парични средства од вкупна вредност од 12.590 евра во различни апоени. 680 српски динари во различни апоени, како и предмети купени со противправни парични износи и тоа мебел, теписи, лустери, стомни ламби, украси, украсни фигури од различни дизјанери и производители, 13 уметнички слики од различни автори, чадори, кашиши, накит, аксесоари од одредни количини, како и други предмети наведени во пресудата“, рече судијката Васка Николовска-Масевска.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески