Облачно со темепратури со 11 степени

Од:

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, а во југозападните делови од земјава ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 10 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд. На почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, наутро студено и денеска и во следните денови

Облачно и посвежо, на повисоките места услови за снег

Облачно со дожд денеска, во следните денови пад на темепратурата

Сончево време со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Катерина Ѓуровски

Сончево со температури до 20 степени

Сончево и температури до 21 степен