Облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно, дожд и грмежи

Од:

Времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа, особено попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме, прогнозираат од УХМР.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, а попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 17, а дневната ќе достигне 26 степени.

До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Од понеделник се очекува постабилно време. Дневните температури ќе бидат во пораст.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени локални врнежи од дожд

А1он

Променливо облачно со повремен дожд, температурите до 19 степени

Облачно со температури до 19 степени

Облачно и ветровито со температури до 17 степени

Катерина Ѓуровски

Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен