Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Како што информира УХМР, во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег.

Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Во текот на следната работна седмица времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури.

В понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер.

Од вторник до четврток по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност, поради што и дневни температури ќе бидат пониски.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, со локален дожд

Снег заврна на Пелистер

Катерина Ѓуровски

Падна првиот снег на Копаоник

А1он

Најмногу дожд наврна во Гевгелија 18 литри на квадратен метар

За викендот дожд, ветер и заладување

Денеска сончево и топло со услови за пороен дожд и грмежи