Облачно со повремени врнежи од дожд

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Би можело да ве интересира

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег

Од утре малку повисоки температури

Студено и променливо облачно време со силен северен ветер

Од утре попладне снег насекаде во државава, од следната седмица многу студени утра и дневни температури под нула

Ветер, дожд и снег до вторник

Променливо облачно време со врнежи од дожд

А1он