Облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи

Од:

Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места со врнежи од дожд со пороен карактер, проследени со грмежи.

На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремен пороен дожд и услови за ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд.

За време на викендот ќе започне да дува јужен ветер и дневната температура ќе биде во пораст.

Нови поинтензивни врнежи се очекуваат од понеделник.

Би можело да ве интересира

Облачно со сончеви периоди и северен ветер

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност