Објавени распореди на часовите за наставата на МТВ, ќе ја следат учениците кои немаат компјутери

Од:

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование, часовите ќе можат да ги следат на Македонската телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

Министерката Мила Царовска на својот Фејсбук-профил ги објави распоредите со часови од прво до деветто одделение за наставата на телевизија и напиша дека едукативните содржини ќе бидат достапни за сите деца, а наставниците од утре ќе бидат во постојана комуникација со своите ученици.

– Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат, напиша Царовска на Фејсбук.

Според анализите на МОН, околу 40 000 деца немаат соодветни ИТ-уреди и за нив алтернатива за следеење на наставата е физичко присуство во училиште, доколку тоа има дозвола, но и со согласност од родителите/старателите. Ако нема согласност од нив, ќе бидат обезбедени печатени материјали кои наставниците ќе им ги доставуваат на родителите и ќе се емитуваат 15-минутни видеа од наставните часови на националниот сервис.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците