На социјалните мрежи е објавена снимка од безбедносни камери, на која се гледа како почнува да се шири пожарот во тетовската модуларна болница.
На снимката се гледа како две лица прво изнесуваат пациент, во количка. За една минута, веќе болницата е во пламен, а пациентите скокаат преку прозорците.
Веќе во втората минута, буквално целиот објект е зафатен од пламенот.
Во пожарот кој се случи во средата во 21 часот, настрадаа 14 луѓе, од кои двајца кои биле придружба на пациентите. Дванаесет лица беа спасени и се наоѓаат во тетовската болница.