Објавен оглас за реконструкција на улица Сердарот во Кисела Вода

Од:

Кисела Вода ќе реализира проект за рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево. Средствата се обезбедени преку проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП.

Општина Кисела Вода ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат рехабилитација на коловоз на ул. Сердарот во село Драчево.

Огласот е објавен на веб страната на општината, www.kiselavoda.gov.mk во делот на Актуелни објави.

Заинтересираните подобни понудувачи можат да добијат дополнителни информации секој работен ден од 08:30 до 16:30 во општината на ул. Петар Делјан бр.17 или на телефон: 02/2785-417, Факс: 02/2785-417, Електронска адреса: [email protected].

Би можело да ве интересира

Тројца мажи се истепале во Кисела Вода

Мајка и син нападнати во Кисела Вода

Водици во Кисела Вода се одбележа во базенот „Расадник“: Крстот го фати Давид Мелоски

А1он

Каевски: Нула резултати на Орце Ѓорѓиевски во Кисела Вода после 2 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Нема парно во дел од Кисела Вода, дистрибутивната мрежа губи вода

Орце Костов

Вечерва „Викенд на мртовци“ и „Кајмак“ на „Кино на отворено“ во Кисела Вода