Oбјавен оглас за доктори по општа медицина за специјализација во Белград

Од:

Оглас за испраќање 10 доктори по општа медицина вработени во јавно здравство на специјализација во Клиничкиот центар во Белград објави денеска Министерството за здравство на својата веб-страница и во дневните весници.

Со тоа продолжува реализација на проектот за испраќање 70 доктори од Република Македонија на специјализација во странство.

Министерот за здравство вчера рече дека продолжува реализацијата на проектот за испраќање македонски доктори на специјализација во странство, еден од позначајните проекти во здравството.

Посочи дека испраќањето 10 македонски лекари на специјализација во Клиничкиот центар во Белград било договорено на средбата со српскиот министер за здравство и одржаната заедничка седница на владите на двете земји.

Во огласот се повикуваат да се пријават сите заинтересирани доктори по општа медицина вработени во јавните здравствени установи, кои сакаат да ги усовршат знаењата и вештините во која било област во медицината, со посебен фокус на областите: гинекологија, анестезија, офталмологија и васкуларна хирургија.

Во рамки на проектот, Министерството за здравство ги покрива средствата за специјализација, сместување и пат во земјата во која се упатени, а за тоа време и натаму ќе земаат плата од ЈЗУ во која се вработени.

Би можело да ве интересира

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов

Ристески: Со одбивањето на амандманот од 20 милиони денари за подобрување на условите во Клиниката за радиотерапија и онкологија, власта покажа дека е против здравјето и животите на тие пациенти