Делегацијата на Европската унија во Македонија денеска го објави 15. конкурс за наградата „Жан Моне“ за најдобрите достигнувања во покривање на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“.
Наградата ќе биде доделена во категориите: најдобра новинарска сторија (за стории објавени во печатени медиумии/или на интернет) најдобра репортерска фотографија (за фотографии објавени во печатени медиуми и/или на интернет) и најдобра аматерска фотографија.
Творбите кои ќе учествуваат во оваа категорија се авторски стории на тема: „ЕУ за ТЕБЕ?”, објавени во национални весници, списанија и на веб-страници, во периодот меѓу 20ноември 2016 и 19 ноември 2017.
Сториите треба да се однесуваат на темата „ЕУ за ТЕБЕ?“, да се објавени во периодот меѓу 20 ноември 2016 и 19 ноември 2017 и да се потпишани со вистинското име на авторот, кој треба да е македонски државјанин.
Копии од новинарските стории во дигитален пдф формат, заедно со изјава во писмена форма, потпишана од авторот, со која гарантира дека таа/тој е автор на сторијата, треба да се испратат на електронска адреса: [email protected] најдоцнадо 20 ноември годинава во 18 часот.
Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 14 декември годинава.