Собранискиот Деловник ќе се реформира, но измените ќе ги донесе следниот состав

Од:

Пратениците ги приближиле ставовите и се согласиле за одредени аспекти за реформите на Деловникот, кои треба да ги донесе следниот парламентарен состав, но сепак остануваат и клучни разлики, е епилогот од третиот дијалог во рамки на Жан Моне процесот што се одржа вчера во Собранието.

Како што информира собранискиот спикер Џафери, околу 90 проценти од прашањата за измените на Деловникот се затворени, меѓу нив е и тоа да се ограничи времето за конститутивната седница, но дел од разликите остануваат, како што е усогласување на Деловникот со новото уставно име Република Северна Македонија.

Има дел во разликите по однос на критериумите за избор на идниот генерален секретар, и помошниците генерални секретари, во делот на допрецизирање во формално технички аспект да се доформулираат, нема разлики во однос на политичката определба за воспоставување принципи за идниот генерален секретар, и околу потребата за усогласување на нештата со уставните измени, имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборие, тој дел го оставивме за наредниот состав да го допрецизира, за да не влеземе во политичка дебата во предизборието, рече Џафери.

Андреас Шидер рече дека двата дена дијалог поминале во позитивна атмосфера и ја завршиле работата со изработка на нов Деловник на Парламентот на Северна Македонија, со што како што рече, со цел во иднина новиот состав на Собранието да работи поефикасно и со поголем фокус на политичките прашања, а помал фокус на тактизирање и блокирање.

Рече дека идејата за Жан Моне на ЕП беше да биде неутрален партнер во процесот и тоа треба да се има предвид особено во предизборниот период.

Сакам да подвлечам дека сите политички лидери беа исклучително конструктивни за решавање на проблемите што беа посочени, и за изборот на генералниот секретар, за календарот, за времето за дебатирање.

А она што не можеме да го направиме, особено пред изборите, е да дадеме одговори за она што некои од партиите би сакале да го посочат на нивните предизборни плакати, рече Шидер.

Известувачот на Европскиот Парламент за Северна Македонија, Илхан Ќучук, пак, рече дека и во иднина ќе соработуваат и со власта и со опозицијата, бидејќи има потреба од позајакната соработка кога станува збор за идните реформи поврзани со ЕУ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека решиле неколку технички прашања.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески, го повтори ставот дека оставаат добра основа за следниот пратенички осстав да продолжи да работи на овој начин, или по овој пат со надеж, како што рече, дека тоа што се случуваше во минатото никогаш повеќе нема да се повтори.

Според Ќучук, во најдобар интерес за Северна Македонија е патот кон НАТО и ЕУ, и, како што рече, ако тоа е улогата која вие ја гледате за вас ние сме подготвени да ви помогнеме во одржувањето на земјата на правилниот пат.

Третиот дел од дијалогот Жан Моне траеше два дена и се одржа во Скопје. По формирањето на новиот парламентарен состав ќе почне и четвртиот дијалог од процесот Жан Моне, како што посочија европратенците, бидејќи освен Деловникот, има и многу други прашања за кои треба да се дискутира.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови