Објавен јавниот повик за проекти за прекугранична соработка со Косово

Од:

Објавен е првиот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово. Повикот ќе биде отворен до 28 јули, соопшти на денешната прес конференција министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Во рамките на овој јавен повик на располагање се 2 милиони и 40 илјади евра од страна на Европската Унија за проектите за двете држави.

Кофинансирањето во висина од 15% од искористените средства и за овој јавен повик ќе ги обезбеди Министерството за локална самоуправа.

Ќе можат да аплицираат невладините организации, општините, Центрите на планските региони, универзитети, училишта, бизнис асоцијации и други непрофитни субјекти од Полошкиот, Скопскиот и од Североисточниот плански регион.

Средствата се наменети за проекти во две области:

-Конкурентност и развој на мали и средни претпријатија. За оваа област се наменети 1 милион евра,

-И вториот милион за проекти за поттикнување на туризмот и културното и природното наследство.

До 2020 година, за имплементација на Програмата за прекугранична соработка со Косово на располагање се вкупно 8,5 милиони евра.

– Поддршката од страна на Европската Унија преку ИПА инструментот е многу значајна за Република Македонија. Ќе се залагам да ја искористиме максимално, затоа што реализацијата на овие проекти води кон социјална и економска кохезија на сите граѓани во општеството, како и интегрирање на државата во НАТО и во Европската Унија, што е прв приоритет на оваа Влада, рече на прес конференцијата министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска