Обидувајќи се да престигне комбе, мотоциклист загина кај Велес

Од:

Сообраќајна незгода во која учествувале комбе и двајца мотоциклисти се случи вчера во попладневните часови на автопатот Гевгелија-Скопје, на оддалеченост од 6 и пол километри после мостот Виничани.

Како што информираат од Основното јавно обвинителство Велес, при движење во ист правец на комбето марка „мерцедес спринтер“ со швајцарска регистарска ознака и двата мотоцикли, едниот мотоцикл со голема брзина го престигнал комбето.

Веднаш потоа другиот мотоцикл се удрил во комбето од што мотоциклистот паднал на коловозот, бил исфрлен на просторот меѓу банкините кои го раздвојуваат автопатот и починал на самото место.

Од страна на дежурен јавен обвинител во соработка со екипа на СВР Велес бил извршен увид на местото на настанот. Притоа, биле фиксирани пронајдените траги и предмети. Надлежниот јавен обвинител издал наредба за вонреден технички преглед на возилата кои учествувале во незгодата – комбето и мотоциклот.

Издадена е и наредба за проверка на крв и урина кај 74-годишниот возач на комбето и за обдукција на починатиот мотоциклист, кој бил на возраст од 30 години. По несреќата биле земени и изјави од возачот на комбето и од мотоциклистот кој возел заедно со сега починатиот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он