Обидот за убиство на јавниот обвинител во Чегране бил по расправија во сообраќај, приведени се три лица

Од:

Три лица се осомничени и приведени за физички напад со остар предмет врз Х.И.(39) од село Форино, Гостиварско, јавен обвинител во ОЈО Гостивар, што се случил утрово, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, утрово во 06.10 часот од полициски службеници од Полициското одделение Чегране биле лишени од слобода Н.С.(40), неговиот малолетен син, двајцата од с.Чегране, гостиварско и Б.Ф.(41) од с.Церово, Тетовско, поради постоење основи на сомнение дека околу 05.30 часот во с.Чегране, по претходна расправија околу недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале и со остар предмет го повредиле Х.И.

-Х.И. бил пренесен во Општата болница „Ферид Мурат“ за укажување на лекарска помош. Тројцата со кривична пријава во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка на Основен суд Гостивар, стои во соопштението од Министерството.

Претходно, од Јавното обвинителство потврдија дека нападнатото лице е јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар

-Обид за убиство на јавен обвинител од Oсновното јавно обвинителство – Гостивар извршен е изутринава во 5:30 часот во село Чегране, Гостиварско. Јавниот обвинител бил нападнат со нож при што му е зададена убодна рана во грбот. Јавниот обвинител е надвор од животна опасност и е под медицинска нега на скопските клиники. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Го лажел дека ќе му ја лекува сопругата во странство: му зел 88 илјади евра, жената починала

ФБИ му дојавил на МВР: Во Голема Речица уапсени двајца за нелегален онлајн пазар со промет од пола милион долари

80-годишник загина поправајќи трактор

Му се слошило додка возел на патот Кичево-Демир Хисар, излетал од патот и починал

Двајца Романци измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи