Обид за убиство во Аеродром, двајца насилници раниле познаник

Од:

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Н.С.(27) и М.С. (20) од Скопје поради основи на сомнение за сторено кривично дело обид за убиство.

„По добиена пријава на 15.9.2024 дека на територија на општина Аеродром во Скопје од страна на две лица му се нанесени убодни рани на Н.Г. од Скопје, преземени се мерки и активности и утврдено е дека Н.С. и М.С. го сториле кривичното дело, по што во координација со ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава. Од страна на судија на претходна постапка на М.С. му е одредена мерка куќен притвор од 30 дена, а за Н.С. се преземаат мерки за пронаоѓање“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Mакедонски државјанин уапсен на аеродромот во Загреб – допираше 15 годишно девојче во авион

А1он

Во стан во Аеродром е пронајдена почината 65-годишна жена

Трет дрон и експлозиви пронајдени во близина на Лајпциг: Истрагата за нападот на аеродромот открива повеќе индиции

(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ

А1он

Аеродромот во Истанбул вчера постави рекорд по бројот на патници

А1он

Уапсена е жена осомничена дека избоде маж во Аранѓеловац

А1он