Обид за убиство со нож среде бел ден во Струга, уапсени се двајцата извршители

Од:

Основното јавно обвинителство Струга донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, од кои едното е осомничено за кривични дела убиство во обид, како и насилство, додека вториот осомничен му помогнал да го изврши обидот за убиство.

– На 2 август, поради претходно нарушени меѓусебни односи, првиот осомничен се обидел да лиши од живот едно лице. Вториот осомничен најпрво со својот автомобил „БМВ“ Х6 го попречил патот на возило „флксваген голф“ во кој се превезувал оштетениот и уште едно лице. Двајцата осомничени излегле и се упатиле кон оштетените и ги нападнале физички, најпрво удирајќи ги со боксови. Во еден момент првиот осомничен извадил нож и му нанел повеќе убодни рани на оштетениот во стомакот, надлактицата и вратот, со што му предизвикал тешки телесни повреди. За тоа време вториот осомничен извикувал и го поттикнувал да го доврши делото. Сведокот-оштетен се обидел да ги оттргне и да ги спречи, па првиот осомничен и врз него извршил насилство, расекувајќи го со ножот на раката и предизвикувајќи чувство на загрозеност и страв во јавноста. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струга достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, извести Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Со нож ја прободе мајка си во вратот – поднесена е кривична за 27 годишникот од Росоман

А1он

Мајката на починатата Јовановска сведочи: Стојанче ја нападна Ивана и во болница

Горан Наумовски

Осомничениот 27-годишен убиец од Росоман сам и се предаде на полицијата

Горан Наумовски

Убиство во Росоман, син си ја закла мајка си

Горан Наумовски

80-годишен Грк осомничен за убиството на ловочуварот кај Виница

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски