Обид за силување во Негорци, сторителот пронајден по еден час

Од:

Денес меѓу 14:00 и 14:30 часот во село Негорци во семејната куќа врз Ј.Т. од страна на непознат сторител е извршено кривично дело „Обид за силување”, информираа попладнево од СВР Струмица.

-По пријавувањето на настанот веднаш се преземени итни службени мерки и активности со координирање на сите служби на теренот, при што по еден час е пронајден сторителот и е лишен од слобода, стои во соопштението на струмичката полиција, од каде додаваат дека станува збор за лицето И.Н. од село Мелница, Велешко.

Лицето е задржано во просториите на ОВР Гевгелија и во координација со Основното јавно обвинителство ќе следува понатамошно постапување по пријавениот настан.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари