Обид за шверц на апарати за коцкање преку царинската испостава Гевгелија

Од:

Девет апарати за игри на среќа, како и 405 делови за одржување, се запленети откако увозник се обидел истите да ги прошверцува помеѓу пријавена стока за увозно царинење во царинската испостава Гевгелија информираат од Царинската управа.

– Апаратите заедно со деловите за одржување се откриени при детална контрола којашто е извршена од страна на Мобилен тим на Секторот за контрола и истраги. Против фирмата увозник на опрема за казина и автомат клубови се поднесени соодветни пријави заради прекршување на царинските регулативи, се вели во соопштението од Царина.

Би можело да ве интересира

Спречени обиди за криумчарење лекови, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит

ВИДЕО: Спречен шверц на 4.800 никотински кесички со вредност од 1,2 милион денари

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

Запленети над 1000 фалсификувани часовници „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо