Обид за кражба на златарата „Голд Принцес“ во Велес

Од:

Во златара „Голд Принцес“ лоцирана на улица „8-ми Септември“ во централната улица во Велес, денеска околу 11:00 часот непознат сторител влегол и со закана со нож побарал од вработениот да му го даде златото.

Како што информира за медиумите Анита Стојковска портпарол на СВР Велес, во тој момент вработениот извадил спреј-солзавец и го испрскал сторителот во пределот на лицето, по што тој побегнал.

– По кратко време лицето е лишено од слобода во близина на градскиот парк во Велес. Се работи на целосно расветлување на случајот, информира Стојковска.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена