Обезбедувачите на Иванов добиле два слободни денови од Пендаровски за да се реши што ќе се прави со нив

Од:

Обезбедувачите на експретседателот на државата, Ѓорге Иванов, кои денеска дојдоа на работа во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, добиле два слободни дена, дознава „А1он“. Кога изутринава тие дошле на работа во претседателската вила на Водно, а по телеграмата на министерот Наќе Чулев за укинување на наредбите од Оливер Спасовски, ним им било кажано да одмораат додека да се реши што ќе се прави понатаму. Тоа било најгалантно и најбрзо решение со оглед дека ситуацијата не била предвидена.

Образложението им било дадено од вработен во кабинетот на Пендаровски објаснуваќи им дека за нивниот работен ангажман ќе се решава на највиско ниво. Тие, пак, очекуваат до четврток да се реши спорното прашање и да им се дадат работни задачи во кабинетот, каде што се вработени според решенијата што ги имаат.

Портпаролката Билјана Радева од кабинетот на Пендаровски и натаму тврди дека не постојат измени во ресурсите и бројноста на професионални лица од МВР ангажирани за обезбедување на претседателот.

Но, во кабинетот остануваат обезбедувачите што Пендаровски ги доби со стапување на функцијата, а лицата што го обезбедувале експретседателот Иванов добиле само слободни денови, што значи дека сè додека не се донесе нова одлука од МВР, тие ќе бидат дополнително обезбедување на претседателот. Ангажманот на овие полицајци е во согласност со решенијата за работа што ги имаат од МВР.

„Станува збор за неколку лица, точната бројка е информација од доверлив карактер и не би можеле да ја објавиме“, одговори Радева за „А1он“ по инсистирањето да каже дали и колку лица дошле денес на работа во кабинетот.

Паника во МВР има и за испразнетите работни места во секторите каде што полицајците работеле со наредба, со оглед дека таму и претходно имало недостиг на кадар.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи