Обезбедени преку 2,6 милиони садници за утрешниот Ден на дрвото

Од:

 Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со утрешната, 17. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), акцијата ќе се спроведува на 60 локации во 30 подружници (катастарски општини), а за пошумување ќе се користат црн и бел, бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев…, 

За потребите на ЗЕЛС и пооделно за единиците на локалната самоуправа се обезбедени 1.350.568 садници, од кои 1.000.568 за Скопје, урбаните делови на општините и на страничните делови на обиколницата на главниот град, 150.000 за Битола од кои 200 за урбаниот дел на градот, 100.000 за Тетово од кои 100 за урбаниот дел, како и 100.000 за Кичево од кои 100 за урбаниот дел на градот.

Сpоред МЗШВ. дополнително, по 2.000 леандри (вкупно 4.000) ќе бидат засадени покрај автопатот Демир Капија – Смоквица и во општина Дојран, а обезбедени се и 300 декоративни садници од кои 150 (четинари повисоки од 130 сантиметри) за Здружението на граѓани „Ден на дрвото – засади ја својата иднина!“.

Во организација на акцијата, покрај Министерството, вклучени се и ЈП „Македонски шуми“ – Скопје,  ЗЕЛС, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ – Скопје, ЈКП „Паркови и зеленило“ – Скопје, ЗППС „Исток-Транс“ Скопје, Град Скопје, општините Битола, Кичево и Тетово, ЈП за стопанисување со пасишта, МЖСПП, Националните паркови, Управата за хидрометеоролошки работи, МОН, МВР, АМС, МНР, МО и ГШ, MТСП, УХМР, Кабинет на претседателот на Владата на Република Македонија, Генерален Секретаријат на Владата на Република Македонија, Граничната полиција, Царинската Управа на Република Македонија и Министерство за здравство.

По повод Денот на дрвото, утре, 30 ноември, е неработен ден, освен за здравствените институции. Градинките треба да се со вообичаеното работно време. Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.

Акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ почна во 2008 година и во првите четири години, до 2011-та, се спроведуваше во две сезони – пролет и есен. Во последните пет години, пак, пошумувањето се извршува само на есен.

Во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13.000 хектари со над 35 милиони садници. Најдобар беше ефектот во 2009 година кога во две акции на речиси 4.000 хектари беа засадени повеќе од 7.900.000 садници.

Би можело да ве интересира

Сечејќи дрво загина жител на скопското село Огњанци

Шумско стопанство од Кичево незаконски продавало огревно дрво

Континуирана достава на огревно дрво од ПЕ Голак Делчево

Ана Ололовска

Бесплатен превоз за учесниците во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гелевски: Кај овие варвари дрвото е нешто што треба да се уништи

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Власта сади онаму каде што сече

Емир Латифовиќ