Обезбедени 75 единици ковалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19

Од:

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 75 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19.

Повикот за дополнително и континуирано дарување на крвна плазма е активен, а оваа установа е достапна во секое време за сите донори.

„Благодарни сме на сите пациенти кои доброволно донираа плазма. Ги повикуваме сите излекувани пациенти да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со директно јавување, како и преку социалните мрежи да даруваат и со ова да помогнат на нашите пациенти да го победат вирусот“, изјави директорот на Институтот, д-р Седула Усеини.

Лицето кое што сака да дарува ковалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да има два негативни теста во рок од 24 часа, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест (трет) за да се потврди дека нема присуство на вирус. Исто така, вклучително на протоколите ќе биде земен и примерок за одредување на концентрација и/или титар на неутрализирачки антитела Anti-SARS-CoV-2.

Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со Kовид-19.

Да им помагаме на оние кои во моментов се борат со коронавирусот. Да донираме ковалесцентна крвна плазма.

Формулар за донор на COVID-19 ковалесцентна плазма

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски