А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обезбедени 187 единици конвалесцентна плазма, околу 170 третирани со крвна плазма

by А1он07/11/2020 - 11:02557
Share0

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Ковид-19, од кои 98 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донор.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со Ковид-19.

„Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот. Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот – да донираме ковалесцентна крвна плазма, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Ковид-19. Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со Ковид-19. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус. Потсетуваме дека Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Ковид-19.“, апелираат од Министерството за здравство.

koronavirus mkdkrvna plazma

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео