Обезбедена машина за ЈП „Исар“ Штип

Од:

ЈП „Исар“ Штип во изминативе неколку месеци работи домаќински и одговорно, во корист на граѓаните. Во само првото тромесечје од оваа година ЈП „Исар“ успеа да оствари заштеди во износ од 3.700.000 денари. Тие заштеди ЈП „Исар“ ги искористи за снабдување со ново возило – машина, којашто ќе биде искористена максимално за спроведување на сите важни активности на ова јавно претпријатие. Денеска беше промовирана новата машина во кругот на ЈП „Исар“.

„Денеска на големо задоволство, мое и на ЈП „Исар“ и на сите граѓани имаме ново возило во ЈП „Исар“ коешто ќе биде ставено во функција веднаш за потребите на граѓаните со што за двојно ќе ги зголемиме нашите капацитети на ЈП „Исар“ и на Општината за да може да се извршуваат санации, нови канализации и водоводи и сите други комунални работи коипто се вршат со ваков тип на возила. Во првиот квартал само во ЈП „Исар“ имаме заштеди од 3.700.000 денари со што влеговме во набавка на ново возило кое чини некаде околу 5.200.000 денари со вклучено ДДВ со целата дополнителна опрема којашто е потребна за извршување на работите,“ истакна градоначалникот Бочварски.

„Ова е пример за домаќинско и одговорно работење чијашто главна цел е остварување и задоволување на интересите на сите наши сограѓани. Новиот начин на работа воспоставен од новото раководство во ЈП „Исар“ се покажува на дело, а неговата реализација значително ги подобрува услугите коишто граѓаните ги добиваат, а исто така и особено внимателно се располага со парите на граѓаните.

Се работи првенствено на доследна и темелна изработка на сите активности, со акцент на квалитетна и трајно добра изработка. Темелниот пристап кон решавањето на проблемите и обезбедувањето квалитетна и долготрајна инфраструктура останува приоритет на оваа локална власт, на чијашто реализација сите заеднички работиме“, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он