Обележани планинарски патеки низ Осоговијата

Од:

Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани ја заврши акцијата за маркирање на планинарските патеки низ осоговијата, како и до двата највисоки врва Руен (2252) и Царев Врв (Султан Тепе- 2085).

Маркирањето на патеките и обновувањето на старите патокази ке им овозможуваат полесно снаоѓање на планинарите и на рекреативците кои се движат низ планинските предели на Осоговските планини.

– Маркирањето се реализираше на релацијата од селото Саса до врвот Руен и до Царев Врв. Вкупната должина на патеките што беа обележани изнесува 26 километри. Во активноста беа искористени дел од постојните ознаки што се користат како маркирни точки, а на неколку места беа поставени и дрвени столбови со соодветни планинарски ознаки, изјави Никола Серафимов од Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани.

Ваквата активност беше реализирана со единствена цел за обновување на планинарските патеки низ Осоговијата и нивно користење од страна на планинарите од Македонија и странство за искачување на највисоките врвови во Источна Македонија,како и за традиционалната мегунардона средба на врвот Руен со бугарските планинари која се реализира во месец септември.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот