Обединети за Македонија: Блокирањето на Собранието може да ја загрози евроатлантската иднина на Македонија

Од:

„Обединети за Македонија, во ЕУ и САД, гледаат пријатели кои истрајно и безусловно, се залагаат за цврста, стабилна, и просперитетна Македонија, пријатели кои заложувајќи се за Македонија, не ретко придонесувале за одржување на стабилноста на истата.

Цврсто сме уверени во ставовите, на ЕУ и САД, и бараме да не се опструира, работата на собранието, по ниту еден основ.

Бидејќи сметаме дека тоа ја загрозува евроатлантската иднина на Македонија.

Притоа ја повторуваме потребата од темелна и непристрасна истрага за “црниот четврток” и бараме институциите да ја спроведат истата.

Во оваа прилика, го повикуваме и Претседателот Ѓорѓе Иванов, да го додели мандатот, за да формирање на Реформска Влада, и со тоа конечно да демонстрира државнштво, и г. Велјановски да овозможи непрекинато преземање на претседателствувањето од страна на ново избраниот и меѓународно признат спикер“ се вели во соопштението на Обединети за Македонија.

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“