Обдукцијата ќе покаже кои се причините за почината родилка во штипската Клиничка болница

Од:

28-годишната Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев.

Тој вели дека синоќа во 21 часот, по природен пат родилката на свет донела здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава околу 6 часот и 50 минути.

Во соопштението од Клиничка болница-Штип се вели дека изразуваат сочувство на семејството и наведуваат дека телото на првороденката е дадено на обдукција.

Во текот на денов или најдоцна до утре очекуваат да го добијат извештајот од Патологија и Судска медицна во Скопје, по што на прес-конференција ќе ги соопштат деталите за прераната смртта на Паневска.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип