О.У. „Санде Штерјоски“ – модел на училиште за мултиетничка интеграција

Од:

Во О.У. „Санде Штерјоски“ во Кичево, во присуство на претставници од УСАИД, се презентираше проектот за интеграција во образованието и апликација на мултиетничката програма.

Проектот „Санде Штерјоски – модел на училиште“ стартуваше со почетокот на учебната година 2012/2013 и имаше намера да ги избрише сите стереотипи и омрази по меѓуетничка линија.

DSC00150

„Нашето училиште и во минатото, но и сега, е модел за сите други училишта како би требало да функционира една мултиетничка институција. Како резултатна овој проект учениците научија да се почитуваат еден со друг без разлика не етничката припадност. Тие заедно направија различни активности: уметнички, технолошки, културни, екскурзии, новинарство и спорт. Проектот е многу успешен и ние ќе продолжиме да работиме на оваа линија“, рече Лулзим Мехмеди, директор на училиштето.

DSC00144

УСАИД им подели награди на директорот и на сите наставници, без разлика на етничката припадност, кои помогнаа во реализирањето на овој проект.

Фатљуме Дервиши

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски