НВО УФУК: Го осудуваме синоќешниот антидемокрастки чин на „За заедничка Македонија“

Од:

„Р.Македонија е демокрастка држава која на патот кој води кон целосно членство кон ЕУ јасно се определи да ги почититува демократските принципи и правила. Имено државата и граѓаните на демокрастки избори признаени од сите политички опоненти на 11 Декември 2016 година јасно ја изразија својата волја и гласаа во зависност од своите убедувања. Која волја потоа се рефлектираше во Собраните на Р. Македонија.

Веќе подолг временски период државата и институциите се во заложништво од структурите на претходната власт која го одлагаше изборот на спикер на Законодавниот Дом. Јасната волја на ново формираното мнозинството пратеници на 27 Април се одлучи за избор на претседател на Собранието кој во исто време епризнат од ЕУ и САД. Сметаме дека волјата на мнозинството пратеници во парламентот, а со тоа и на граѓаните треба да биде прифатено од сите политички опоненти.

Правото на избор на претседател на собраните од страна на мнозинството е во согласност со Уставот и законите на Р.М. Сите насилни акти како и упадот во Собранието од страна на протестантите треба да бидат спречени, а напагачите на пратениците треба да одговараат во согласност со законите. Насилството над мнозинската волја на граѓаните за нас како Невладина Организација е неприфатливо.

Промената на власта во демократските општества е дел од системот и начинот на владење. Македонија, граѓаните, политичките партии и сите засегната страни треба да работат во правец на зајакнување на демократските капацитети на земјата. Ги осудуваме вчерашните немили настани и насилното влегување во Македонското Собранието. Овој вид на напади се неприфатливи за современиот свет и се на штета на државата и граѓаните“, се вели во соопштението на НВО УФУК.

Би можело да ве интересира

Жените мора да се чувствуваат безбедно и сигурно, реагира Клубот на пратенички

Реџепи: Денеска за малку ќе бевме сведок на нов скандал од страна на претседателот на Собранието

Засега без јавно образложение е одложена денешната седница на Комисијата за контрола на АНБ

Горан Наумовски

Димаљ Баша е новиот претседател на косовското Собрание

13 кандидати за претседател на ДКСК

Собранието одлучи измените и дополнувањата на Изборниот законик да се носат во скратена постапка

Катерина Ѓуровски