А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

НВО УФУК: Г-дине Талески за колку го продавате безистенот во Битола?

by А1он29/01/2016 - 12:08132
Share0

„Владата на Р.Македонија донесе одлука за продажба на Офицерскиот дом во Битола. Ваквата одлука е скандал од невиден размер бидејќи никаде во светот културните споменици неможат да се продадат, згора на тоа овој споменик е заштитен со закон и е симбол на градот. Г-да и г-ѓи од власта културните споменици се дела на нашето заедничко минато, Офицерскиот дом е изграден пред повеќе од еден век, односно е споменик на културата кој останал од времете на Османлиската империја. Ние припадниците на турската заедница сме огорчени од нападите врз спомениците на културата останати од тој период, кој владејачката гарнитура  ги зачести во последните години, но одлуката за продажба е врвот на сите овие срамни чинови.

Добивај вести на вибер

Г-да и Г-ѓи од власта Вашите напади врз културните споменици го продлабочуваат јазот помеѓу заедниците во Македонија, чии односи се нарушени најмногу во периодот на Вашето владеење. Наместо да го штитите заедничкото културно минато и на сите граѓани па и на светот да дадете порака за заедништво и почит на различностите кои се Нашето богатство, Вие го правите спротивното. Со напад на една цивилизација која остави длабоки траги во светската историја. На спомениците од периодот на Османлиската империја Ние припадниците на турската заедница гледаме како на заедничкото минато кое заслжува почит и е благодет кој им служи на сите граѓани на Македонија.

Благодарение на вашите одлуки Ние Турците во Македонија уште еднаш се почуствувавме како граѓани кои се непожелни во Македонија. Во Битола една џамија беше претворена во галерија, тоа не беше доволно па сега ќе потпишете уште еден срамен чин со кој за тесни партиски интереси го продавате заедничкото минато и култура, а со тоа и иднината. Па ајде штом сте решиле да продавате, да рушите споменици на културата од периодот на Османлиската Империја и да ги пренаменувате, Ние младите од НВО ,,Уфук“ сакаме  да го купиме безистенот (затворениот пазар) во Битола кој исто така е изграден во периодот на Османлиската империја. Колку чини“, се вели во реакцијата на НВО УФУК до градоначалникот на Битола.

bitola

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Горан Наумовски26/02/2026 - 10:06

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски24/02/2026 - 12:4824/02/2026 - 13:09

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он14/02/2026 - 15:1014/02/2026 - 17:01

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Горан Наумовски07/02/2026 - 16:23

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски07/02/2026 - 14:0007/02/2026 - 14:39

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Горан Наумовски05/02/2026 - 07:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен