НВО Сонце: Голем број Роми во Тетово без основно или средно образование

Од:

Од вкупно 105 анкетирани Роми од Тетово, на возарст од 14 до 35 години, 97 немаат завршено основно или средно образование, покажуваат податоците на невладината организација Сонце од Тетово.

До овие бројки тие дошле по реализацијата на теренското испитување во текот на март низ шест различни ромски наслеби во градот. Од овие анкетирани 52 испитаници одговориле дека се невработени додека 45 се вработени. Невработеноста и кај мажите и кај жените е речиси изедначена.

Активноста е во рамките на проектот Анализа на пазарот на трудот на ромската заедница од 14-35 години кои немаат оформено основно и средно образование во општина Тетово.

– Освен меѓу ромското население, прашалникот за анкетата беше спроведен и во пет институции на локално ниво Центарот за вработување, Центарот за социјални работи, Секторот за јавни дејности во општина Тетово и две училишта средното медицинско училиште Никола Штехјн и основното училиште Гоце Делчев. Собраните податоци од ова истражување покажуваат дека состојбите се такви поради лошата социоекономска состојба, но и масовното иселување на Ромите. Затоа е потребно да се преземат повеќе активности за дообразување на Ромите преку формирање на посебни паралелки за возарсни изјави Мелита Мустафи од НВО Сонце.

Истражувањето е финансирано од фондовите на Европската унија, а подржано од три ромски организации Инсок од Скопје, Здружение за правата на Ромите од Штип и Месечина од Гостивар.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски