НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Од:

Коалицијата Маргини, Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА и Македонското здружение на млади правници ја поздравуваат одлуката на Министерството за образованиве и наука и Собранието на Република Северна Македонија за носење на нов закон за основно образование, а особено за внесување на одредби за заштита од дискриминација и насилство.

Во денешното соопштение на трите здруженија се посочува дека тие активно се застапувале во Министерството за образование и наука за внесување на одредби со кои експлицитно се забранува дискриминацијата во основното образование на сите основи, вклучително и сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

– Законот прецизира дека дискриминацијата е забранета во воспитно – образовниот процес, запишувањето, достапноста до услуги и придобивки, прилагодување и пристапност до и во објекти, вработувањето, кариерното напредување и престанок на вработувањето, ученичкото организирање, содржината на наставните програми и учебниците, управувањето и учеството во органите и телата на училиштата, финансирањето на основното образование и која било друга област од основното образование, се наведува во соопштението.

Трите невладини организации сметаат дека новиот Закон за основното образование е значително унапреден во однос на заштитата од дискриминација и насилство во основното образование.

– Апелираме за соодветна примена на овие членови во партнерство со здруженијата на граѓани. Воедно, бараме Министерството за образование и наука да не вклучи во процесот на измена и дополнувања на Законот за средното образование, се потенцира во соопштението.

Здруженијата нагласуваат дека по одржаната јавна расправа во Собранието во врска со новиот предлог Закон за основното образование, пратениците ги прифатиле нивните барања и поднеле амандмани со кои експлицитно се забрануваат сите облици на насилство во училиштето и им се наметнува обврска на директорите да пријават насилство.

Во соопштението се потенцира дека Закон за основното образование претставува значително унапредување во однос на заштитата од дискриминација и насилство во основното образование.

– Апелираме за соодветна примена на овие членови во партнерство со здруженијата на граѓани, нагласуваат трите невладини организации.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска