НВО Инфоцентар: Веднаш да престанат сите притисоци врз средношколците!

Од:

„Притисоците и заканите врз средношколците, нивните родители, но и наставниците  кои не се согласуваат и им се спротивставуваат на владините образовни политики во државава, претставуваат директно загрозување на слободата на изразување и слободата на здружување.

Граѓаните во Република Македонија, и според Уставот и според сите меѓународни документи кои ги има ратификувано државата, имаат право слободно и непречено да ги градат и искажуваат своите ставови и мислења, и имаат право на слободно собирање и изразување мирен јавен протест. Дури и Конвенцијата за правата на децата им ја гарантира на младите, слободата на мислење, на здружување и на  мирно протестирање.

Едновремено, државата не само што треба да ги почитува основните слободи и права на граѓаните, таа има обврска да им овозможи на децата непречено уживање на нивните права вклучително и на правото на слободно изразување и здружување.

Имајќи го предвид ова,  НВО Инфоцентарот бара веднаш да престанат сите форми на притисок и закани врз средношколците, родителите и наставниците, како и да бидат преземени сите мерки од страна на надлежните институции, граѓаните слободно и непречено да го изразат своето мислење и мирно да протестираат“, се вели во соопштението на НВО Инфоцентар.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво

Катерина Ѓуровски

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

Катерина Ѓуровски

Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците