НВО Инфоцентар до Основен суд 2: Опстојуваме на анализата за судските случаи за навреда и клевета

Од:

НВО Инфоцентарот опстојува на сите заклучоци од последната анализа на судските случаи за навреда и клевета во кои се вклучени политичари, објавена на 20 јануари 2016.

„НВО Инфоцентарот ја подготви оваа анализа бидејќи интензитетот со кој политичарите и државните функционери го користат Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, претставува исклучително важен индикатор за нивниот однос кон слободата на изразување и кон јавната дебата воопшто. Во Извештајот на Прибе, јасно е наведено дека:

„Дејствијата на клевета не треба да се користат како средство за задушување на дебатата или пречка за јавните личности да се повикаат на отчетност. Постои особено загриженост кога политичарите тужат новинари за клевета, но и кога тужат и други политички личности, наместо да ги решаваат нивните разлики преку други средства како јавна дебата.“ Во Извештајот на Прибе, исто така, се истакнува и тоа дека судовите треба на балансиран начин да ги решаваат тужбите за клевета, независно од можните политички влијанија на одреден случај: „Судовите треба да развијат јасна и предвидлива практика за заштитата на слободата на изразување во поглед на тужбите за клевета. Медијацијата и саморегулацијата треба да играат важна улога во намалувањето на големиот број на случаи кои доаѓаат до судовите. Треба да се размисли за проширување на опфатот на сегашните законски горни граници за одговорноста на медиумите за клевета за сите видови на обвинети“.

Би сакале да истакнеме дека НВО Инфоцентарот не ги злоупотребува податоците добиени од Основниот суд Скопје 2 туку единствено станува збор за ненамерен превид во толкувањето на податоците за судските случаи од 2015 година (заклучно со 9 декември 2015). Наместо констатацијата „Интересно е да се напомне дека според Основниот суд Скопје 2 Скопје, во текот на 2015 година, во сите 9 нови случаи за навреда и клевета во кои како странки се јавуваат политичари – тие се тужат меѓусебно“, треба да стои „Интересно е да се напомне дека според Основниот суд Скопје 2 Скопје, во текот на 2015 година, во сите 9 нови случаи за навреда и клевета во кои како странки се јавуваат политичари – се јавуваат како тужители.“ Овој превид е веќе коригиран во финалниот текст на анализата и не влијае на конечните заклучоци.

НВО Инфоцентарот и натаму будно ќе ја следи состојбата со слободата на изразување, вклучително и случаите за навреда и клевета. Се надеваме дека Основниот суд Скопје 2 и натаму ќе биде отворен за соработка.“, стои во реакцијата на НВО Инфоцентар на демантот од Основен суд Скопје 2.

Би можело да ве интересира

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

ВИДЕО: НВО бараат итно донесување на законот за спречување и заштита од дискриминација

Ана Ололовска

Фондот за Западен Балкан ги помага капацитетите на регионалните НВО во борбата против организираниот криминал

Ана Ололовска

Перцепцијата на граѓаните за работата на општинските инспекции: Инспекторите повеќе ги штитат моќниците отколку јавниот интерес

Ана Ололовска

НВО: Новиот закон за основно образование е чекор напред во заштитата од дискриминација и насилство во училиштата

Ана Ололовска

ЦРМ: Власта да обезбеди слободно известување за изборниот процес, а новинарите да известуваат професионално Скопје

Ана Ололовска