НВО Инфо центар: Матурата и идното образование не смее да се користат како уцена врз средношколците!

Од:

НВО Инфоцентарот им дава целосна поддршка на средношколците во нивната битка за подобро образование, и во пресрет на протестниот марш, изразува голема загриженост заради се позасилените притисоци и закани врз нив и нивните родители.

„Крајно неприфатливо е институциите и лицата кои се надлежни за образованието и развојот на младите луѓе во државата, да се однесуваат игнорантски и инквизиторски спрема 18.000 средношколци. Тие наместо да разговараат со нив и заеднички да бараат решение, се оглушуваат на барањата на средношколците и ги изложуваат на различни форми на притисок вклучувајќи ја и заканата за наводната неможност да ја полагаат матурата во предвидениот рок.

Ваквите притисоци и закани мора веднаш да престанат и на младите треба да им се овозоможи слободно и непречено да го остварат своето право на протест и слободно изразување. Впрочем тоа е и обврска на една држава која се грижи за својата млада популација.

Што се однесува до полагањето на матурата, надлежното министерство ќе мора да го реализира во време и на начин кога тоа ќе биде соодветно и прифатливо за средношколците, и тоа никако не смее да биде на штета на нивното идно школување. Нивната академската иднина никој нема право да ја користи како средство за уцена и закана.

Имајќи го сето ова предвид, НВО Инфоцентарот уште еднаш потсетува дека граѓаните во Република Македонија, и според Уставот и според сите меѓународни документи кои ги има ратификувано државата, имаат право слободно и непречено да ги градат и искажуваат своите ставови и мислења, и имаат право на слободно собирање и изразување мирен јавен протест. Дури и Конвенцијата за правата на децата им ја гарантира на младите, слободата на мислење, на здружување и на мирно протестирање.

Затоа, НВО Инфоцентарот, в четврток, ќе излезе и ќе маршира заедно со средношколците!“, стои во соопштението на НВО Инфоцентар.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Сообраќајот и водоснабдувањето – најчести граѓански приоритети на локално ниво

Катерина Ѓуровски

Свесноста – најважна алка во заштита на приватноста и на личните податоци

Катерина Ѓуровски

Нема успешни локални политики без вклучување и учество на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците