Нухиу-Новачек: Ќе продолжи соработката за справување со предизвиците од мигрантската криза

Од:

Заменик министерот за внатрешни работи проф. д-р Агим Нухиу и директорот на БЈБ г. Лазо Велковски заедно со првиот заменик министер за внатрешни работи на Чешката Република, Јири Новачек, во рамки на посетата на чешкиот полициски контингент на нашата јужна граница ги посетија Граничниот премин Богородица, потоа Кота 59 и Прифатниот центар за мигранти Винојуг во Гевглија.

Заменик министерот Новачек кој што на чело на делегација на чешката полиција е во дводневна работна посета на македонското МВР потенцирајќи ја добрата и интензивна соаботка со македонската полиција особено ја апострофираше важноста од заедничкото делување по однос на проблемот со миграциите.

Токму и затоа присуството на чешките полициски службеници на територија на Република Македонија за поуспешен надзор и контрола на државната граница кон Грција секако е од заедничка корист и во заендички интерес на двете земји.

Инаку чешките полицајци како дел од Заедничката операција од почетокот на 2016 година им помагаат на македонските полициски службеници во обезбедувањето на државната граница.

Како што е познато од започнување на проектот за засилен надзор на јужната државна граница на Република Македонија кон Грција, односно од почетокот на 2016 година до декември 2017 година Чешка Република упати вкупно 534 полициски службеници, распределени во 14 контингенти.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он