Нухиу изрази сочувство за жртвите во Истанбул

Од:

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Агим Нухиу во име на Министерството и во свое име до турскиот колега Сулејман Сојлу и амбасадорот на Турција во Македонија Тулин Еркал Кара изрази сочувство за загинатите во терористичкиот акт на новогодишната ноќ во Истанбул.

– Искрено се надевам дека преку интензивна меѓусебна соработка и искрено пријателство во иднина ќе бидеме сведоци на елиминирање на сите форми на тероризам, а со тоа и гарантирање на безбедноста на нашите граѓани. Длабоко сум убеден дека одговорните лица за овој кукавички чин ќе ги стигне раката на правдата бидејќи убивањето човечки животи во никој случај не може да биде оправдано и заборавено, истакнува Нухиу.

Порача дека во овие тешки моменти нашите молитви се со семејствата на загинатите и пријателскиот турски народ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО