Заменикот министер за внатрешни работи, Агим Нухиу на својот Фејсбук профил објави дека во МВР има петмина вработени кои се позитивни на коронавирусот.
Нухиу вели дека постои можна опасност и во полициската станица „Петровец“ и повикува вработените во МВР да ја зголемат грижата со оваа ситуација.
„Вирусот Ковид-19 почна да напаѓа и во Министерството за внатрешни работи. Потврдено дека имаме позитивни 5 вработени во полицијата, додека во Полициската станица „Петровец“ постои реален ризик! Ги повикуваме вработените во полицијата за поголемо внимание во соочувањето со настанатата состојба!“, напиша Нухиу на својот фејсбук профил.
