Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите со кои, полициските униформи ќе добијат двојни натписи, на македонски и на албански јазик.
Потпишувањето на овие акти доаѓа две недели откако Нухиу привремено ја презема функцијата министер од неговиот претходник, Наќе Чулев.
„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица, Единицата за специјални задачи“, пишува Нухиу на социјалните мрежи.
Двојазичните униформи на полицијата, пожарникарството и здравството во Скопје и општините каде живеат 20 отсто од Албанците е предвидено со Законот за јазиците кој пред две години беше изгласан во Собранието со 69 гласови „за“.