Институт за историја: Никој не нè праша за новиот концепт на МОН, Владата да не чепка во предметот Историја

Од:

Во реакција по повод предложениот нов образовен концепт на Министерството за образование и наука околу наставните програми по историја, со реакција се огласи Институтот за историја на Филозофскиот факултет на УКИМ, од каде велат дека процесот на одлучување и предлагање на концептот е спроведен нетранспарентно и без компетенции, па бараат тој да се повлече.

Министерката за образование Мила Царовска вчера најави голема реформа во основното образование, која меѓу другото предвидува спојување на повеќе предмети во еден, а според најавите, историјата ќе се спои со општествените науки.

Еве ја во целост реакцијата на Институтот за историја:

„Како матица на историското образование и наука во македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, Институтот за историја соопштува:

1. Таканаречениот „Концепт“ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи.

2. Идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст.

3. Т.н. „Концепт“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор. Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци.

Со оглед на искажаново, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје решително го отфрла понудениот концепт и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во врска со предметот Историја,“ се вели во реакцијата на Институтот за историја.

Би можело да ве интересира

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Бугарија реагира на изјавите на премиерот Мицкоски: Ја искривува реалноста

Сиљановска-Давкова гледа деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес

Катерина Ѓуровски

„Еурактив“: Софија му порачува на Скопје да се држи до обврската за уставни промени

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Немам проблем да се сретнам со бугарскиот премиер за да најдеме начин да се одблокира процесот

Гаши: Во секое време може да почнеме со уставни измени, но како држава сме во временски теснец