НСРР: Во новата влада да има најмалку 30 проценти жени

Од:

Националниот совет за родова рамноправност (НСРР) денеска упати апел до мандатарот Зоран Заев при составување на владата да го почитува Законот за еднакви можности со кој, како што укажува советот, жените треба да бидат застапени на сите нивоа и позиции со најмалку 30 проценти.

– Очекуваме дека ќе ја почитувате законската обврска при изборот на министри/ерки. Националниот совет за родова рамноправност како организација која повеќе од 20 години работи на родовата рамноправност бара почитување на Законот за еднакви можности со кој се гарантираат квотите од 30 до 40 проценти рамноправна застапеност на жените на одлучувачки позиции, наведува НСРР во барањето до мандаторот Заев.

Националниот совет се надеваме на целосно почитување на Законот з аеднакви можности и остварување на родовата рамноправност како демократска земја.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези