НСП: Полициските службеници на терен без зимски јакни

Од:

Независниот синдикат на полицијата (НСП) денеска на прес-конференција информира дека неодамна една група полициски службеници земале униформа. Според нив, се работи за пролетна јакна со која полицајците треба да работат во зимски услови.

– Дали оваа јакничка тешка 300 грама е доволна за правилно извршување на работите на полициските службеници? Зар со оваа пролетна јакна полициските службеници можат да извршуваат службени задачи надвор на овие минусни температури и до минус 10 степени и да издржат. Овие услови се неподносливи за полициските службеници на терен без зимски јакни. Бараме најитно да се набават соодветни јакни – зимски и да се поделат на колегите, изјави портпаролот на Независниот синдикат на полицијата Дејан Саздов пред Собранието на Република Македонија.

Доколку ресорното Министерство не им подели зимски јакни на полициските службеници тогаш, како што велат, тие немаат обврска да носат униформа затоа што таа е надвор од сите стандарди и не е согласно правилата и прописите на Министерството.

– Легимитетот ни го дават околу три илјади членови кои секојдневно тропаат на нашата врата со едно барање – штрајк до остварување на сите наши права. Бараме Министерството да не вклучи во процесот на преговарање за нов колективен договор затоа што никогаш повеќе нема да дозволиме да се потпише штетен колективен договор за припадниците на полицијата, рече Саздов.

Тој информира дека НСП серизоно изминатиот период ја разгледува можноста МВР да активира дел од резервниот состав на полицијата за одредени полициски станици и организациски единици кои во нивниот состав веќе им е предвидена одредена бројка на припадници на резервниот состав на полицијата. Овој предлог, како што рече, го доставуваат со цел да се растовари редовниот состав на полицијата од нивните секојдневни патувања од сите полициски станици на територијата на Македонија и вршат најразлични дејствија на територијата на Град Скопје, а притоа се влијае на нормалното функционирање на матичните полицикси станици.

Би можело да ве интересира

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Полицијата приведе лице поради сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојничка кражба“, следува кривична пријава

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

МВР санкционираше 16 несовесни возачи, четворица биле под дејство на алкохол

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски