НСОН: Голем број наставници немаат компјутери за онлајн-настава

Од:

Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) соопшти дека покрај ученицие, со проблеми за онлајн-настава се соочуваат и голем број наставници што немаат компјутери и дека според Законот за работни односи работодавецот е должен да обезбеди средства за работа.

– До нашиот синдикат деновиве стигнуваат бројни поплаки од наставници за притисоци што им се вршат од страна на нивните надредени, директори на училиштата, да си обезбедат компјутери за да реализираат настава. Ако се земе предвид дека наставникот е во исто време и родител на едно, две или повеќе деца, разбирливо е колкава е тежината на пресијата врз тие работници во образованието. Дел од колегите се соочуваат и со двојно зголемен работен учинок, односно двојно им се зголемени бројот на наставни часови, што е спротивно на законот за наставници и тие работат по повеќе од осум часа во денот, наведува НСОН во соопштението.

Овој синдикат ја повикува министерката за образование Мила Царовска поскоро да предложи мерки за надминување на проблемот. Од неа чекаат одговор и на нивното барање за средба бидејќи, како што наведува, тие се легитимен синдикат за образование.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска