НСДП: Скопје гореше како последица на националистичката политика на Груевски и Ахмети

Од:

„НСДП постојано укажуваше дека Груевски и Ахмети,заслепени од желбата да останат и да ја зголемат сопствената власт и моќ, свесно ги туркаа Македонците и Албанците во постојан конфликт и меѓуетнички тензии. И двајцата лидери во предизборието ГРМЕА по плоштадите во РМ со своите националистички пораки.

Никола Груевски бараше 62 мандати од Македонците за да не го уценува Али Ахмети и да не му бара албански јазик и промена на Уставот, со што практично директно ги провоцираше Албанците,притоа правејки се дека заборавил на периодот 2008-2011 година, кога ВМРО ДПМНЕ имаше 64 пратеници, кога ги амнестираше хашките случаи, кога во Собраниските комисии се воведе двојазчноста и кога се променија  имињата на повеќе училишта со имиња на албански борци на УЧК.

Другиот пак Али Ахмети, провоцирајќи ги Македонците, од Албанците бараше 25 мандати за да не може Груевски сам да прави Влада“, велат од НСДП.

„По примерот на Ѓорче Петров македонската јавност може да се увери кон што води националистичката и шовинистичката политика на Никола Груевски и Али Ахмети, демонстрирана за време на предизборната кампања на последните избори во РМ.

Епилогот од вчерaшните демонстрации беше,Хаос по улиците во Скопје, уапсени демонстранти,повредени полицајци,искршени продавници, превртени контејнери,извици на демонстрантите ,,УЧК,мафијашка држава,а политичката елита молчи.Патриотот Никола Груевски како и секогаш кога се случуваат сериозни инциденти кои може да имаат и етнички предзнак е на непотребно ,,роуд шоу,,а Али Ахмети најверојатно некаде во дебела ладовина.

НСДП е уверена дека националистичката игра во која ВМРО ДПМНЕ и ДУИ се повеќе се вплеткуваат може да биде трагична за Македонија и да не врати во конфликтната 2001 година. На крајот за жал,на штета на Македонските национални интереси,победи тендерократската политика на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ“, се вели во писменото соопштение на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

НСДП: Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ за манипулација со граѓаните со иницијативата за референдум

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро