НСДП: Силна поддршка за Владата во врска со Договорот за добрососедство со Бугарија

Од:

„Хистеричната реакција на ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорги Иванов во врска со Договорот за добрососедство со Бугарија практично силно ја потврдува решеноста и посветеноста на новата Влада да истрае на патот на реформите и европските интеграции. Штетата што нивната политика и ја направи на Македонија има катаклизмични размери, затоа и нивните забелешки, укажувања и закани не смеат да се сфаќаат сериозно. Станува збор за крајно неодоговорни, корумпирани и во криминал заглавени политичари.

Барањето прво пратениците да се изјаснат за договорот е глупост и е спротивно на Уставот кој прецизно ги утврдува надлежностите на носителите на власта, нивната меѓусебна зависност и контрола, чија крајна цел е да изгради кредибилни и одговорни институции. Владата може да склучува меѓународни договори и за тоа да сноси одговорност пред Собранието. Доколку мнозинството од пратениците не се изјаснат за ратификување на Договорот во таков случај Собранието може да изгласа и недоверба на Владата.

Дополнителна контрола на легалитетот и легитимитетот на Договорот има и Претседателот на државата, кој има право да одбие да го потпише Указот на Законот за ратификација на Договорот.

НСДП силно ја поддржува Владата во определбата да го потпише овој Договор, со што ќе се отвори процес на затворање на многу прашања од суштинско значење за двата народи и двете држави. Она што го прави ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со десетте пратенички групи, блокада на неговата работа и целосната компромитација на македонскиот законодавен дом, само е израз на нивната решеност што можат повеќе да го одложат одењето во затвор на нивното мафијашко раководство.

Македонија мора да оди напред, а на тој пат најмалку треба да и стојат криминалци и мафијаши“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски